Од 12 до 15 мај ќе се одржи завршниот Ф4 турнир во кошаркарската Евролига. Четири екипи ќе се борат за насловот, а Македонија покрај Перо Антиќ кој со својот Фенербахче ќе се обиде да стигне до третиот наслов најдобар во Европа, во кариерата, нашата земја ќе ја преставува и најдобриот македонски судија Игор Митровски.
Покрај главниот настан и учеството на Фенеребахче, ЦСКА Москва, Локомотив Кубан и Лаборал Куча, ќе се организира и турнир за најдобрите млади кошаркари до 18 години од Европа.
На турнирот кој е под покровителство на Адидас ќе земат учество најдобрите осум екипи од стариот контитент поделени во две групи. Токму на овој турнир ќе суди и нашиот Митровски кој покрај тоа што е арбитар и на на мечеви од Европските клупски натпреварувања, минатата година беше дел и од Европското првенство и беше судија на групата која се организираше во Германија.
Митровски ќе има можност да им суди на кошаркарите до 18 години на Барселона, Црвена Звезда, Инсеп, Реал Мадрид, Жалгирис, Литвос Ритас, Мега Бемакс и Алба Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Фудбалери се обидоа да линчуваат судија (Видео)
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините