
Повеќе од 60 проценти од граѓаните имаат негативно мислење за Катица Јанева, а точно 60 проценти немаат доверба во Јанева и во нејзиното Специјално јавно обвинителство, покажуваат резултатите од анкетата на јавно мислење на Институтот „Павел Шатев“ во периодот од 6 до 8 мај годинава. Во телефонската анкета во која учествуваа 1.070 испитаници од сите шест изборни единици, Катица Јанева е единствената политичка фигура што има полош рејтинг од Зоран Заев.
Анкетата е вршена со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.
На прашањето какво е вашето мислење за Катица Јанева 60,9 проценти одговориле негативно, а на прашањето дали имате доверба во СЈО, негативно се изјаснила дури 60 проценти од испитаниците. Нешто помал процент граѓани, 54,6, сметаат дека меѓународната заедница со своите постапки само ја продлаболува кризата во Република Макединија.
| 1. Какво е вашето мислење за Катица Јанева? | |
| Процент | |
| Позитивно | 21,7 |
| Негативно | 60,9 |
| 2. Дали имате доверба во работата на Катица Јанева и на Специјалното јавно обвинителство? | |
| Процент | |
| Да, имам доверба | 25,2 |
| Не, немам доверба во Катица Јанева и СЈО | 60 |
| 3. Дали сметате дека меѓународната заедница придонесува во изнаоѓање на решение за кризата | |
| Процент | |
| Придонесува во изнаоѓање на решение | 21,1 |
| Со своите постапки само ја продлабочува кризата | 54,4 |
На прашањето „Какво е вашето мислење за Зоран Заев?“ негативно одговориле 58, проценти , додека позитивно се изјасниле 22,6 проценти.
| 1. Какво е вашето мислење за Зоран Заев? | |
| Процент | |
| Позитивно | 22,6 |
| Негативно | 58,1 |
Споредено со претходна анкета која Институт „Павел Шатев“ ја правеше врз ист примерок од 1.070 испитаници во периодот 20-22 април, негативното мислење за Зоран Заев се зголемило за 11,3 проценти во овој кус период, и претходно изнесувало 46,8 проценти.
Само за споредба, на истото прашање кое се однесувало на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, позитивно се изјасниле 53,7 проценти, додека негативен одговор дале 31,4 проценти.
| 1. Какво е вашето мислење за Никола Груевски? | |
| Процент | |
| Позитивно | 53,7 |
| Негативно | 31,4 |
Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Никола Груевски се зголемило за 2,8 проценти од претходниот процент од 50,9.
На прашањето, пак, „Која партија би победила на следните парламентарни избори?“, 49,6 проценти од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20,2 отсто СДСМ. Споредено со претходна анкета која Институт „Павел Шатев“ ја правеше врз ист примерок од 1.070 испитаници во периодот од 20 до 22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува пораст на рејтингот од 0,1 процент, и истиот изнесувал 49,5 проценти, додека поддршката на СДСМ паднала за 0,7 проценти, и истиот тогаш изнесувал 20,9 проценти.
| 1. Која партија би победила на изборите? | |
| Процент | |
| ВМРО-ДПМНЕ | 49,6% |
| Негативно | 20,2% |
Во истата анкета на прашањето дали целта на опозицијата е да се избори за слобода и демократија или ова претставува класична политичка битка за приграбивање на власта граѓаните сметаат дека опозицијата предводена од СДСМ не се бори за слобода и демократија, туку за власт.
| 1. Според вас дали целта на опозицијата е да се избори за слобода и демократија или ова претставува класична политичка битка за приграбување на власта? | |
| Процент | |
| Целта е борба за слобода и демократија | 23,8 |
| Целта е гола борба за власт | 64 |
„Заради политичките протести не може да се оправдува уништување и сквернавење на споменици“ сметаат 67,1 отсто од испитаните граѓани. Само 22,3 од нив сметаат дека „Бомбите со боја со која се бојат зградите и спомениците во Скопје се оправдани и се дел од шарената револуција“.
| 2. Со кое мислење повеќе се согласувате: | |
| Процент | |
| Бомбите со боја со која се бојат зградите и спомениците во Скопје се оправдани и се дел од шарената револуција | 22,3 |
| Заради политички протести не може да се оправдува уништување и сквернавање на споменици | 67,1 |
Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
Со оглед на тоа дека целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите други етнички заедници беа вклучени во истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата


