| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор на Табановце: Скопјанка родила бебе во тоалет, го фрлила во ѓубре и заминала на апсолвентска екскурзија!

СВР Куманово поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против Т.И. (23) од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело убиство на дете при пораѓање.

Пријавената, која веќе била во 7/8 месец од бременоста, која не ја контролирала, тргнала на апсолвентска ексурзија.

На 29 март 2016 година околу 11.30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола, пријавената почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа, додека била во тоалетот, се породила, а бебето и го ставила во кантата за отпадоци. По настанот се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето.

bebe

Откако од персоналот на граничниот премин било откриено телото на новороденчето, настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а пријавената следниот ден е однесена во Гинеколошка клиника во Прага и ѝ била укажана лекарска помош. По завршувањето на екскурзијата на 18.4.2016 година приведена е на истиот граничен премин и е однесена на дополнителни медицински вештачења.

Истрагата констатира дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето, кое било живородено, би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top