
Извонреден успех постигна македонската параолимпијак Оливера Наковска Бикова на Интернационалниот натпревар во Хановер. Македонската стрелачка го освои второто место и сребрениот медал во дисциплината воздушен пиштол.
Македонската параолимпијка на последниот натпреварувачки ден на Интернационалниот натпревар во Хановер потврди дека се наоѓа во одлична форма во подготовките пред главниот настап годинава на Параолимпијадата во Рио.
Претходно, Наковска-Бикова со македонскиот тим во кој се уште и Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски, во Хановер го освои и бронзениот медал во дисциплината спортски пиштол 25 метри, во екипна конкуренција, а во дисциплината малокалибарски пиштол 50 метри слободен избор, беше шеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наковска Бикова пукаше за светски рекорд, медал и параолимписка норма
-
„Спартанецот“ Ѓорѓиев: Мора да бидеме искрени, не напредувавме доволно за да бидеме „златни“
-
Хановер се подготвува за евакуација на 50.000 граѓани
-
Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија


