Во новиот број на Република кој е во продажба од 13 мај 2016 година ќе читате:
СДСМ, Сорос и радикалните екстремисти лицитираат со државата
Федерализација на Македонија во три фази
Федерализацијата на Македонија е почнат процес. Влогот на Заев, унитарноста на државата, е неповратен. Сите протести, сите процеси за уривање на државноста, се однапред ветени. Терминот „редефинирање“ е покритие за трите фази до федерализација за чиешто исполнување Заев веќе дал „беса“.Сликата што излегува на виделина е многу покрупна и сѐ уште се прочистува, со изминување на овие години малтретирање на македонската јавност со кризата што ја почнаа опозицијата и Сорос. Целта е јасна, борба за преврат, која ќе резултира со редефинирање на државата! „Редефинирање“ е терминот што го користи Беса, новиот партнер на Заев, зад што стои ветувањето на актуелниот лидер на опозицијата за федерализирање на Македонија.
Народот го одбра патот
Ајде да се преброиме
Заев не само што нема да излезе на избори на 5 јуни, туку ќе продолжи да бега и да опструира какво било изјаснување на граѓаните сѐ додека го држат нозете и додека го штити чадорот. Сепак, додека безглаво бега од соочување, да има на ум дека со секој нов притисок од западните моќници, со секоја негова нова лага, со секоја навреда врз граѓаните, со секоја провокација врз неистомислениците, со секој осквернавен споменик од „револуционерите“, со секоја закана врз медиумите, со секое ново ветување кај сојузниците на штета на државата, тој незапирливо тоне во жив песок заедно со својата партија.
Излегол на избори или не, народот ќе му пресуди. За тоа е свесен и самиот тој и неговото членство и Сорос и чадорите. Токму затоа ВМРО – ДПМНЕ, но и секоја друга партија што ѝ мисли добро на државата мора да му овозможи на народот да го каже последниот збор. Дури и по цена ниту една од големите партии да не се појави на избори или, пак, да не бидат признати резултатите од меѓународната заедница, ехото на граѓаните мора да одекне доволно силно за да се чуе и во Брисел и во Вашингтон.
Колку чини Македонија?
Сорос плаќа, платениците исполнуваат
Во моментов, најмалку 1.000 ликови ја користат непресушната „донација“: 780 во НВО и 200 во опозицискиот медиумски сектор, можеби не толку професионален колку податлив. Но и кај нив има една драстична, кастинска разлика. На врвот се малкуте, вечни и исти соросоиди, а поданиците се именуваат како сорософили. Едните заповедаат, другите на свои плеќи беспоговорно исполнуваат. Првите, како и сите штетници, се приспособливи до бескрај. Сепак, и таму не се сите исти. Иако „револуционерите“ сакаат токму така да се прикажат. За жал на вистината, не нивната, и натаму само истите десетина ја чувствуваат вистинската благодат на милјардеровата каса. Статистиката покажа дека останатите 990 работат за минималец, но со убедување – ако СДСМ дојде на власт, платите ќе пораснат. Потребна им е само „малку“ боја, која ги чини речиси половина плата, насушен влог во подобра и поисплатлива иднина. Проблемот е што никој од нив не прашува – што бидна со милионите на Сорос? Веројатно, преокупацијата со „битката“ за слобода и соборување на „режимот“ не им дава време да се прашаат за ова. А времето не е проблемот, сѐ што треба е да почнат да ги „џвакаат“ ставовите и информациите од тие што имаат придобивки од Соросовиот колач. Не мора сите, барем секој втор залак. Макар и трет…
Ердоган се пишмани за бегалците
Договорот пропаѓа, Македонија на удар
Пораката на претседателот Ердоган, кој одби да ги приспособи турските закони за тероризам како предуслов за визната либерализација, најдобро говори дека во блиска иднина не треба со оптимизам да се гледа на некоја искрена соработка меѓу Анкара и Брисел.
Ердоган воопшто не сака да разговара на темата антитерористички закони тврдејќи дека турската ситуација е специфична и затоа не може да се аплицираат европските правила со што уште еднаш потврди дека меѓу неговата земја и Европа постојат сериозни, дури и цивилизациски разлики. А влогот е огромен, ако членството во ЕУ и шесте милијарди евра за потребите на бегалците не се од голема корист за Ердоган, можноста неколку милиони турски граѓани без виза да патуваат во ЕУ е огромна можност за него. Тој со непопустливоста се лиши од можноста во наредниве неколку години на запад да „испрати“ неколку милиони невработени Турци, а меѓу нив и многумина што не се согласуваат со неговата политика. Настрана можноста за зголемено ниво на бизнис со ЕУ како резултат на полесното патување во големиот европскиот пазар.
Зошто Турција оди контра е прашање и тема за Ердоган, за нас поважно е прашањето за последиците по Македонија доколку навистина пропадне договорот со ЕУ. Особено ако пропадне во текот на наредниве неколку месеци кога, очигледно, македонската драма сѐ уште нема да биде надмината.
Бизнисот во лер, сите сектори трпат
Политичката нестабилност и криза што трае извесен период почнува сѐ повеќе да влијае врз економијата и бизнисот. Намалена е проекцијата за економски пораст што го фрла на колена стандардот, живејачката и сето економско заживување што беше регистрирано пред почетокот на политичката криза. Според процените, кризата ќе однесе најмалку 170 милиони евра. Оваа сума е разликата меѓу првично планираниот пораст за земјава годинава, и тој што би се остварил доколку кризата потрае. Имено, првично Народната банка на Македонија излезе со сценарио за пораст на економијата од 3,5 отсто, но сега го објави и најновото песимистичко сценарио според кое порастот би изнесувал едвај 1,7 отсто. Разликата меѓу овие две стапки изнесува 170 милиони евра. Нестабилниот политички амбиент ги принудува странските инвеститори да почнуваат да ги преиспитуваат своите планови за вложување во земјава, а во согласност со вкупните услови, штета трпат и домашните фирми. Најголемиот удар го чувствуваат преработувачката, металната и електроиндустријата, кои се соочуваат со поместување на сите планови за посети на странски партнери, кои имале за цел да ги разгледаат можностите и да дефинираат детали за склучување договори. Ваквите одложувања на посетите се од земјите на Европската унија и од Блискиот Исток. Сѐ на сѐ, и граѓаните и бизнисот трпат огромни загуби, поради што сите бараат да се стави крај на вештачки предизвиканата политичка криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст