Грчкиот премиер и лидер на владејачката левичарска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, според пријавените годишни приходи кај даночните власти е „најсиромашниот” избран функционер во споредба со неговите колеги министри во Владата, од кои неколкумина имаат приходи од половина милион евра.
Ова го покажуваат даночните пријави на министрите и политичарите за 2015 година, што денеска беа закачени на сајтот на грчкиот Парламент, за кој информираат весниците.
Иако политичарите пријавуваат дека приходите им се од пратеничките плати, некои од нив имаат и депозити од над половина милион евра и банкарски сметки во американски долари и британски фунти.
Ципрас пријавил приходи во износ од 69.000 евра, влогови за 7.000 евра, еден стан од 114 метри квадратни. и мотоцикл од 652 кубика.
Шефот на државата Прокопис Павлопулос има приходи од над 80.000 евра.
Лидерот на главната опозициска партија Нова демократија, Кириакос Мицотакис, пак, пријавил приход од 81.600 евра, 19 недвижни имоти на островот Крит, влогови, акции и еден автомобил.
Приходите на лидерот на партијата Независни Грци и министер за одбрана, Панос Каменос, и неговата сопруга изнесуваат приближно 180. 000 евра. Тие поседуваат, исто така, и повеќе недвижни имоти.
„Најбогат” меѓу политичарите е лидерот на неонацистичката „Златна зора”, Никос Михалолиакос, кој заедно со сопругата пшријавлиле приходи од над половина милион евра, а „најсиромашен”е генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцумбас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст