| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска продава осум државни компании

Хрватската Влада на телефонска седница реши да ги продаде државните удели во компаниите „АЦИ“, „Кроација ерлајнз“, Пристаништето Риека, „Кроација банка“, „Петрохемија“, „Кончар електроиндустрија“, „Подравка“ и „Кроација осигурување“.

Владата во образложението наведе дека по консултациите со Министерството за финансии е утврдено дека со акциите на тие компании не треба да управува Државната канцеларија за управување со државен имот, посебно затоа што и со Стратегијата на управување и располагање со државен имот за периодот од 2013-2017 година се предвидува приватизација и евентуална продажба на тие компании.

„Продажбата на нестратешките трговски друштва од државна сопственост може да започне кога ќе се остварат предусловите во измената на законската и подзаконската рамка, а рокот за спроведување е јуни 2016 година“, се наведува во владината одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top