Еден патник се бори за живот, седум се тешко повредени, а 15 минале со полесни повреди во сообраќајката несреќа што се случи ноќеска во близина на Будимпешта кога автобус на туристичката агенција „Тото“ излета во реката Бакоњ, информираат од МНР повикувајќи се на првичните дијагнози што ги утврдиле лекарите што ги примиле патниците.
Според Министерството за надворешни, патникот што бил во животна опасност кога бил примен во болницата е македонски државјанин.
Девет патници што биле пуштени од болница одлучиле да се вратат во Македонија, а двајца продолжиле за Прага, која била и крајната дестинација на патувањето. Македонските власти ќе организираат превоз за враќање дома и за останатите повредени кои се задржани на лекување.
Во автобусот имало 25 патници, меѓу кои и две деца и тројца возачи. Дваесет и еден патник биле од Македонија, а имало и четворица чешки државјани и тројца Бугари.
Повредените патници, кои беа сместени во две болници во градовите Гер и Татабања, претпладнето ги посети македонскиот амбасадор во Унгарија, Дарко Ангелов. Според информациите што МВР ги доби од унгарската полиција, несреќата се случила во 1.05 часот од засега непознати причини, а против возачот е отворена кривична постапка под соменвање дека предизвикал сообраќајна несреќа со несовесно возење во која имало поголем број повредени. (фото) (видео)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Протестна нота за унгарскиот амбасадор во Македонија
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил