Во Багдад се случија уште две експолозии на автомобил-бомба по денешниот терористички напад во главниот град на Ирак во кој според првичните информации загинале десетина лица. Ова е денеска трет напад во овој град.
Најмалку 82 лица загинаа меѓу кои многу жени и деца во трите напади кои се случија денеска. Првите два беа утринава на пазар во Багдад. Како што пренесе „Би-би-си“ 64 луѓе беа убиени, а 87 луѓе се ранети. Состојбата на неколкумина од нив е критична.
Исламската држава ја презеде одговорноста за денешниот бомбашки напад на пазарот. Нападот се случил утринава во шиитскиот кварт Садр сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.