| четврток, 6 декември 2018 |

Генијално: Тинејџер со претпоставка открил еден изгубен град на Маите

Како голем вљубеник во културата на Маите младиот Вилијам 22-те соѕвездија на Маите кои биле пронајдени во „Мадридски кодекс“, преку „гугл-рт“ ги внел на мапата на полуостров Јукатан. Тогаш забележал дека ѕвездите се поклопуваат со положбата на дури 117 населби на Маите, како и дека најсјајните од нив одговараат на најважните градови на Маите

Вилијам Гадури, 15-годишен Канаѓанец пронашол претходно непознат град на Маите, само на основа на генијалното резонирање. Тинјеџерот претпоставил дека Мите бирале локации за своите градови според положбата на соѕвездијата, па заклучил дека мора да постои уште еден неотриен град на мексиканскиот полуостров Јукатан.

По откритието тој станал најмлада ѕвезда на Канадската вселенска агенција (ЦСА), НАСА и на Јапонската вселенска агенција, а за неговото достигнување пишуваче најпрестижните научни списанија.

Сателитските снимки ја потврдиле неговата хипотеза.

facsmil-cdice-tro-cortesiano_14628739881

Како голем вљубеник во културата на Маите младиот Вилијам 22-те соѕвездија на Маите кои биле пронајдени во „Мадридски кодекс“, преку „гугл-рт“ ги внел на мапата на полуостров Јукатан. Тогаш забележал дека ѕвездите се поклопуваат со положбата на дури 117 населби на Маите, како и дека најсјајните од нив одговараат на најважните градови на Маите.

Ниту еден научнил досега не ја забележал врската меѓу ѕвездите и положбата на градовите.

Проучувајќи ја мапата, Вилијам забележал дека во едно од соѕведијата кое го сочинуваат три ѕвезди постојат само два откриени града, односно дека еден недостастува. Така претпоставил дека мора да постои еден неотриен град, а со помош на сателитските снимки на разни вселенски агенции, потврдено е дека постојат пирамиди и најамлку 30 градби на местото кое Вилијам го одбележал.

Овој средношколец не само што го пронашол новиот град на Маите, туку веројатно е дека и најголем од сите досега откриени.

Младиот научник го нарекол местото „огнена уста“ или „К’аак Чи“.

– Не разбирав зошто Маите ги граделе своите населби толку подалеку од реките, на неполодна земја или во планините. Мора да постоела некоја друга причини, а бидејќи ги обожавале ѕвездите, ми падна на ум дека проверам дали тоа има врска едно со друго. Бев изненаден и возбуден кога сфатив дека најсјајните ѕвезди одговараат на најголемите градови. Кога д-р Ла Рок ми кажа дека пронашле пирамида и 30 структури, тоа беше неверојатно – изјави Гадури за „Ле Журнал Монтреал“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top