| четврток, 6 декември 2018 |

Овие хороскопски знаци се најголемите прељубници

preljuba-450x300

Иако нечиј хороскопски знак не значи веднаш дека тој е прељубник, студиите покажале дека некои одредени припадници на Зодијакот се значително повеќе склони кон неверство од другите.

Шкорпија

Припадниците на овој хороскопски знак обично имаат силно и изразено либидо, што може да ги доведе до тоа „гладно“ да ги набљудуваат другите луѓе, да иницираат флерт и на крајот неверство. Ако Шкорпијата види нешто што и` се допаѓа, таа ќе направи се` за да ги исполни своите желби. Тоа вклучува и разни манипулации и лаги ако е потребно.

Од друга страна, ако Шкорпијата е целосно исполнета и среќна во врската, тогаш дефинитивно нема да дојде до неверство, што всушност е и добар показател за неа дали го одбрала вистинскиот партнер на долг рок.

Стрелец

Слободоумни и авантуристи, Стрелците се склони кон неверство. Тие можат да бидат во долги и сериозни врски, но неверството нема да го доживеат како нешто драматично. Всушност, и самите ќе се залажуваат дека тоа не се ни случило. Кај нив важи правилото дека шансата го прави крадецот, а во неверство може да ги спречи тоа што би можело се` да се дознае.

Лав

Она што Лавот го става во групата на хороскопски знаци кои почесто изневеруваат е неговата постојана потреба да биде во центарот на вниманието и неговото големо его, кое ќе го впушти во прељуба ако не добива доволно потврди, комплименти и внимание од партнерот. Исто така, Лавот ќе изневери и ако одлучи да ја прекине врската, но претходно на овој начин ќе го испита теренот и ќе разгледа што точно друго му се нуди за полесно да го напушти сегашниот партнер.

Овен

Страста е најголемата движечка сила за Овенот, а поради својот темперамент и непромисленост, можно е да остане без својот постојан партнер бидејќи се вљубил. Најчестата причина за впуштање во неверство е потрага по возбудување кое недостасува во неговата врска, а ако се открие во аферата, Овенот ќе се обиде да ја префрли вината на другата страна која го „завела“.

Водолија

Припадниците на овој знак често тврдат дека никогаш не изневеруваат, но вистината е дека нивната дефиниција за неверство е многу потолерантна отколку кај другите луѓе. Со оглед на тоа што рутината им оди на нерви, најчесто партнерот ќе го изневерат со некој кој е сосема поразличен од него, но самите себе ќе си објаснат дека тоа било неизбежно за да немаат грижа на совеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top