Поранешната македонска репрезентативка, Мирјета Бајрамовска, останува во словенечкиот Крим и во наредните две сезони. По извонредните настапи сезонава во која заврши како прв стрелец во тимот, Бајрамовска доби понуда за продолжување на соработката и во наредните две сезони. По искусната голманка Сергеја Стефанишин, Мирјета Бајрамовска е втората ракометарка што останува во дресот на Крим, покрај новите засилувања Лаура Камдоп, Инес Амон и Нина Јуричек.
Македонската ракометарка во Крим дојде во 2014 година од тимот на Металург. Во изминативе две сезони Бајрамовска стана една од најистакнатите ракометарки во синиот дрес, постигна вкупно 264 гола од кои 149 во оваа сезона.
Kрим сезонава ја загуби шампионската титула и 21-годишната доминација во словенечкиот женски ракомет. Дведецениската шампионска серија на Крим ја прекина екипата на Загорје која сезонава два пати одигра нерешено со актуелниот шрвак и ја освои шампионската титула со повеќе постигнати голови на гостински терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим