| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕиас: Мораме да размислуваме за иднината на Европа

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, кој денеска престојува во еднодневна посета на Австрија, порача дека е потребно да се размисли за иднината на Европа.

Коѕијас во Виена доаѓа по периодот на заладени односи меѓу двете земји заради политиката на Австрија кон бегалците и инсистирањето на австриските власти на затворање на балканската маршрута, и враќањето на грчката амбасадорка Кристоула Алифери, кој беше повлечена на консултации, јави Танјуг.

Коѕиас во интервју за „Курир“ вели дека смета дека е „дојдено до смирување во односите меѓу двете земји и дека сега повторно е можно разумно да се разговара“.

– Веќе нема бегалски бранови, притисокот исчезна, додаде тој.

Коѕијас не сакаше да ги коментара критиките на италијанскиот премиер Матео Ренци на сметка на Виена заради воведувањето гранични контроли, туку само нагласи дека е неопходно да се размисли за иднината на Европа.

На прашањето колку добро функционира спогодбата со Турција, Коѕијас кажа дека вториот дел од договорот, за реадмисија на бегалците, бара поголеми капацитети на грчка и турска страна.

Кога станува збор за бегалците во Грција, Коѕиас пренесе дека неговата земја во моментов ги проширува своите капацитети.

– Некои невладини организации конечно мораат да разберат дека бегалците треба да бидат сместени во безбедни објекти. На луѓето не треба да им се дава лажна надеж со тоа што им се советува да не си одат од Идомени бидејќи границите некогаш повторно ќе бидат отворени, нагласи Коѕиас.

Запрашан како се спроведува преселувањето на бегалците во други држави од  ЕУ, тој одговори дека не функционираат низ адоговори, како на пример, програмата за преселување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top