| четврток, 6 декември 2018 |

Назад во училишна клупа: Ана Кокиќ нема средно образование!

Поп-пејачката Ана Кокиќ, која во последно време ја гледаме во жирито на хуманитарниот натпревар во имитации „Твоето лице звучи познато“, ја шокира јавноста со изјавата дека се враќа во училишните клупи. Да, добро почитавте, но не во академските, туку во средношколските. Имено, пејачката не завршила средно образование поради финансиски проблеми на нејзиното семејство, па сега одлучила да си ја исполни најголемата желба – да заврши средно музичко училиште.

„Ќе се запишам во средно музичко училиште. Тоа ми е голема и неостварена желба. Како мала, немав пари за пијано, а сега учам колку што мислам дека е доволно да го поминам приемниот испит“, изјавила Кокиќ за еден српски портал.

Ана се надева дека, покрај професионалните и приватните обврски, ќе има време да го заврши средното образование, а истовремено сака нејзиното искуство да им послужи како пример на нејзините ќерки да сфатат дека е важно човек да биде образован.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top