| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов „BOB MARLEY DAY“ во Градски парк

Викендов по четиринаесетти пат, во Градскиот парк во Скопје се одржува „Bob Marley Day“. Овој настан првпат се одржа во 2003 година и оттогаш во Градскиот парк во Скопје секоја година се собираат илјадници посетители од Европа и голем број музичари и DJ, кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот.

-Доближувајќи ја реге музиката и пораката на Боб Марли „ONE LOVE, ONE HEART, A WORLD WITHOUT BORDERS“ до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш. Сите ние како поединци треба да придонесеме за овој настан, да продолжи да се развива и да прерасне во уште поголем на сечие задоволство, велат организаторите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top