Баерн Минхен заврши фантастична работа на фудбалската берза уште пред почетокот на летниот преоден рок, откако по официјализирањето на трансферот на Ренато Санчез од Бенфика на „Алијанц арена“ пристигна и Матс Хумелс од Борусија Дортмунд. Капитенот на „милионерите“ дојде во Дортмунд откако не доби вистинска шанса по настапите во младинската школа на Баерн, па сега на 28-годишна возраст се врати назад во Минхен потпишувајќи петгодишен договор за баварскиот гигант.
– Во Борусија минав осум и пол успешни години и сигурно не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука. Сепак, се враќам во родниот град, но претходно имам голема желба, да го освојам трофејот од Купот на Германија со Дортмунд. За остварување на таа цел ќе дадам се од себе, за да го совладаме Баерн во големото финале. Од се срце сакам да им се заблагодарам на соиграчите, луѓето од клубот и на навивачите за прекрасните моменти минати заедно – изјави Хумелс.
Трансферот на Матс Хумелс од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен изнесува 38 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент