| четврток, 6 декември 2018 |

Безбедносните мерки на највисоко ниво: Утре почнува 69. издание на Канскиот филмски фестивал

Со максимални мерки на безбедност утре почнува 69. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенув дојде во Кан и по состанокот со локалните официјални лица изјави дека за време на Фестивалот ќе има вонредни мерки на безбедност.

Фестивалот ќе го обезбедуваат 400 француски војници и припадници на жандермеријата.

Фестивалот во Кан ќе се одржи од 11 до 22 мај, а претседател на годинешното стручно жири е Џорџ Милер, режисер на филмскиот серијал „Лудиот Макс“.

Во трката за главната награда „Златна палма“ ќе се натпреваруват вкупно 17 филма, меѓу кои и филмовите на Педро Алмодовар, Шон Пен, Хавиер Долан и други.

Фестивалот ќе се отвори со филмот на Вуди Ален, „Високо друштво“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top