ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски имаат сѐ поголема поддршка кај народот, покажуваат резултатите од најновата телефонска анкета на Институтот Павел Шатев спроведена во периодот помеѓу 6-ти и 8- ми мај 2016 година на 1.070 испитаници. Анкетата е вршена со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.
На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 30,8 отсто од испитаниците одговориле Никола Груевски, додека 11,4 отсто Зоран Заев. Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше во периодот од 20 до 22 април, врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници, резултатите покажуваат дека рејтингот на Заев е намален за 0,6%, ( истиот тогаш изнесувал 12% ), додека Груевски го задржува истиот рејтинг од 30.8%.
На прашањето пак, „Која партија би победила на следните парламентарни избори?“, 49.6 отсто од испитаниците одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.2 отсто СДСМ. Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот од 20 до 22 април, ВМРО-ДПМНЕ забележува раст на рејтингот од 0,1%, и истиот изнесувал 49.5%, додека поддршката на СДСМ паднала за 0,7%, и истиот тогаш изнесувал 20.9%.
На прашањето „Какво е вашето мислење за Зоран Заев?“ негативно одговориле 58.1% , додека позитивно се изјасниле 22.6%.
Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1.070 испитаници во периодот 20-22 април, негативното мислење спрема Зоран Заев се зголемило за 11.3% во овој кус период, и претходно изнесувало 46.8%.
На истото прашање кое се однесувало на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, позитивно се изјасниле 53.7%, додека негативен одговор дале 31.4%
Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Никола Груевски се зголемило за 2.8% од претходниот процент од 50.9.
Во анкетата е опфатен и претседателот на државата Ѓорге Иванов. Позитивно мислење за Иванов изразиле 54.3%, додека негативно се изјасниле 30.4%.
Споредено со претходна анкета која Институт Павел Шатев ја правеше врз ист репрезентативен примерок од 1 070 испитаници во периодот 20-22 април, позитивното мислење за Иванов се зголемило за 1.7%, а претходно изнесувало 52.6%, додека тогаш негативното мислење изнесувало 27%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст