„Исламскиот народ треба да се фокусира на џихад во Сирија и да ги обедини таму сите муџахедини. Нема повеќе изговори за тие кои инсистираат на поделба сега кога целиот свет се мобилизираше против муслиманите“, изјави 23-годишниот Хамза бин Ладен во аудиопораката објавена на интернет.
Лидерот на Ал Каида, Ајман Ал-Завахири исто така ги повика џихадистите во Сирија да се обединат, и покрај тоа што досега тој се противеше кон делувањето на џихадистите на Исламската држава во нивниот самопрогласен калифат, пренесува АФП.
„Прашањето за единството денес е прашање за живот или смрт“, изјави Завахири, кој му се придружи на Хамза Бин Ладен во аудио пораката до „сите муслимани во светот“.
Оваа аудиопорака беше објавена во саботата на интернет, а во истата се вели дека доколку муслиманите конечно не се обединат и продолжат нивните несогласувања, тогаш „ќе бидат изедени, еден по еден“.
Џихадистите на Исламската држава и Ал Каеда не се опфатени со примирјето во Сирија, па така Русите и Американците и натаму ги бомбардираат целите, пред се на ИСИС во Сирија и Ирак. Тоа им ги отвори вратите на Ал Нусра Фронт (сириски огранок на Ал Каида) да се зајакнат и да ги консолидираат своите редови, а постојат информации дека оваа терористичка група и натаму има големо влијание кај сирискиот народ.
Аналитичарката Џенифер Кафарела објави дека Ал Нусра Фронтот има од 3 илјади до 5 илјади милитанти во своите редови, како и над 19 кампови за обука.
Кога ќе се спојат овие милитанти со оние кои што оперираат во Ирак и Авганистан, како и џихадистите на ИСИС од Сирија, Ирак и Либија, тогаш станува збор за голема бројка на борци кои ќе претставуваат закана за Западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.