| четврток, 6 декември 2018 |

Алепо: Продолжено примирјето за 48 часа

Прекинот на огнот во Алепо, градот кој се наоѓа во северна Сирија, ќе биде продолжен за 48 часа, почнувајќи од денеска наутро, час по полноќ по локално време, па сѐ до утре на полноќ, јави сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на командата на сириската војска.

Одлуката за продолжување на примирјето е донесена откако во судирите од 22 април досега во Алепо загинаа околу 300 луѓе.

Одредени делови на Алепо се под контрола на бунтовниците, додека други ги контролираат владините сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top