| четврток, 6 декември 2018 |

Дебитант, а веќе на врвот: Жика Кукуловски ги освојува фолк-листите со „Нема да се сменам“

Zika Kukulovski

По дебитантскиот настап на фолк-фест „Роса 2015“ со песната „Крштевка“, фолк-пејачот Жика Кукуловски ја сними и новата песна „Нема да се сменам“.

Имав чест да отпеам песна на маестро Јане Рафаиловски, кој последниве години нижи хитови, вели Кукуловски.

„Нема да се сменам“ предизвика позитивни реакции кај слушателите и веќе се наоѓа на фолк-листите.

-Како за првата така и за оваа песна текстовите ги напишав јас, а аранжманите се на Бобан Мојсовски. Деновиве треба да почне и снимањето на спотот, а потоа ќе се фокусирам на дуетот со една наша пејачка. Идејата е да настапиме на еден од престојните фестивали – вели Кукуловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top