| четврток, 6 декември 2018 |

Рајот чини 50 долари и – се продава!

kosra mikronezija rajski ostrov

Само 34 фунти, или 49 долари, е сумата за која може да се купи тропски остров со 16 хотели, нуркачки центар и приватна плажа, кој веќе е ставен на продажба. Островот Косра се наоѓа на Микронезија, западен Пацифик, а се продава по пат на онлајн лотарија, која од учесниците бара да купат карта по цена од 49 долари, како шанса да го освојат овој остров.

Покрај хотелското сместување, одмаралиштето нуди и куќи со по четири спални соби, два стана за гости, како и базен од 32 метри.

Победникот ќе добие пристап на банкарска сметка од 10.000 долари, ресторан со резерви за храна вреден 5.000 долари, пет изнајмени автомобили, два брода, две возила и пикап камион, со 16 луѓе од персоналот кои таму се вработени.

Условот е голем, а на сопственикот само ќе му се предаде одморалиштето, ако се продадат 50.000 и повеќе карти, зашто во спротивно одморалиштето нема да му припадне никому. Победникот на лотаријата сепак ќе добие утешна награда –  половина од приходите од продадените влезници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top