| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Минхен: Напаѓач бодел луѓе со нож на железничка станица и извикувал „Алах акбар“

minhen1Еден човек е убиен, а уште најмалку тројца се тешко повредени, откако неидентификуван маж извршил напад на железничка станица во Минхен. Според полицијата, во нападот биле повредени четири или пет лица, од кои еден им подлегнал на повредите.

– По инцидентот напаѓачот е совладан и уапсен – соопштил портпаролот на полицијата за Билд.

Полицијата ги проверува изјавите на сведоците, кои рекле дека напаѓачот за време на нападот кој се случи околу 4.50 часот утрово, викал „Алах акбар!“

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top