| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтен моќник од Албанија уапсен во Швајцарија

albanski naften tajkun

Сопственикот на албанската нафтена индустрија „Оил Тачи“, Резар Тачи уапсен е во Швајцарија по што одредена му е мерка притвор, јави МИА.

Извори на Интерпол Тирана за телевизијата„ Еј-­Би-­Си њуз“ потврдиле дека албанскиот нафтен тајкун во Женева е уапсен под обвиние за „измама“, фалсификување документи“ и „фалсификување печати и формулари“. ­ Истрагата против него почна по обвиненијата од две компании, една регистрирана во Панама под име „Валис трејдинг инк” и втората во Холандија „Трафигура бехир бај” ,кои со компанијата на Тачи имале трговски договор потпишан 2009 година, изјави изворот. Во интерес на истрагата, на петти мај 2014 година, швајцарските власти побарале помош од албанското Јавно обвинителство за неколку истражни дејствија. Меѓу нив достапност до договорите на компанијата на Тачи, верификација на банкарските сметки на компании и личности, увид на банкарски трансакции и повикување на разговор на четири лица, меѓу нив сестрата и внукот на Резарт Тачи. ­ Откако сите овие истражни дејствија беа завршени во Албанија извештај беше испратен до швајцарските правосудни органи, кои Тачи го уапсиле на еден од аеродромите во нивната земја, јави телевизијата. Резарт Тачи, како сопственик на рафинеријата „АРМО“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу шест милиони евра. Против него албанските власти имаат поднесено кривична пријава под обвинение„затајување данок“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top