| четврток, 6 декември 2018 |

ВО ЦЕНТАР: На западните моќници им се потребни слаби влади кои работат на копче како марионети

 

dragan vucicevic informerНа западните моќници во нашиот регион им се потребни слаби влади во слаби земји кои ќе го прават тоа што ќе им се каже. Каде и да се појави силна влада, каде и да се појави силен премиер, или влада која владее . Нив им треба влада која не владее. Им требаат влади кои работат на копче, на конец, како кукли марионети. Нив не им одговара ситуација во која Груевски или Иванов одлучуваат во Скопје што ќе се случи во Македонија и не им одговара ситуација во која Вучиќ навистина одлучува што ќе се случува во Србија. Тие сакаат за тоа да се одлучува во Брисел, Вашингтон, Берлин… Ние тоа го имавме во Србија. Ја имавме владата на Тадиќ која така функционираше, вели уредникот на српски Информер Драган Вучичевиќ во емисијата ВО ЦЕНТАР посветена на обоените револуции на Балканот.

Вучичевиќ, кој важи за најмоќна медумска фигура на политичката сцена во Србија, предупредува дека „некои сакаат во Србија да го наметнат принципот според кој не е важно за кого граѓаните гласале, туку е важно што некој некаде замислил дека некој треба да владее со Србија“.

  • Како што некој негде замислил дека некои луѓе треба да владеат во Македонија спротивно на вољата на граѓаните на Македонија, таква идеја имаат и во Србија, вели Вучичевиќ.

eftov

Авторот на емисијата ВО ЦЕНТАР Васко Ефтов потсетува дека веднаш по изборите во Србија на 24 април, српскиот премиер Александар Вучиќ предупреди дека нема да дозволи македонско сценарио во Србија:

Секој обид за дестабилизација на Србија, секој обид да се прави во Србија настаните од Македонија, од Украина или од каде било, тоа во Србија нема да помине. Не може да помине и нема да дозволиме да се случи, изјави во таа прилика Вучиќ.

Ефтов потенцира дека ова е прв политичар од висок ранг во регионот кој говори дека во Македонија се случува организирано сценарио за дестабилизација на државата и дека тоа сценарио подоцна може да биде искористено како модел ширум Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top