| четврток, 6 декември 2018 |

Обоените револуции во арапскиот свет со муслиманските браќа а на Балканот и во Македонија со невладините организации на Сорос (ВИДЕО)

Обоени револуции на Балканот. Сличноста на случувањата во земјите околу нас и метастазирањето на арапската пролет пред нашите порти преку делувањата на испреплетени невладини организации. На овие теми во својата вечерашна емисија Во Центар, Васко Ефтов разговараше со најмоќната медиумска фигура на политичката сцена во Србија, Драган Вучичевиќ. Станува збор за човек кој е главен и одговорен уредник на највлијателниот дневен весник Информер и водител на емисијата “Тешка реч”. Вучичевиќ во разговорот со Ефтов вели дека ова што во моментот и се случува на Македонија е веќе видено и однапред подготвено сценарио на кое му претходеле настани како најава. Тој вели дека на луѓето кои раководат со спроведување на планот им се потребни марионети и премиер на копче, односно послушници кои ќе ги спроведуваат нивните сценарија. Токму поради тоа Вучичевиќ очекува тие да бараат одложување на изборите со разно разни изговори се додека не проценат дека оние кои ги поддржуваат се подготвени да излезат на избори. Целосната емисија, поврзаноста и сличноста на настаните кај нас и во соседството погледнете ги во видеото:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top