| четврток, 6 декември 2018 |

Херој: „Ја спасував Неда со помош на штица за пеглање“

Соседот на Неда Арнериќ, кој живее на првиот кат во нејзината зграда делумно е заслужен за спасувањето на животот на познатата глумица.

jugdshfdgsdfgsdg

Како што А.Н., соседот на Неда и доктор по професија раскажа за српски Блиц, во моментот кога се случила несреќата тој седел во дневната соба со ќерката и гледал телевизија.

– Во еден момент се слушна морничав звук дојден однадвор. Потоа следеше силен удар. Помислив дека некој од соседите силно ја треснал вратата, вели А.Н. за Блиц.

jgfhdfsghhsfdfg

Меѓутоа, непосредно потоа, друг сосед му заѕвонил на вратата и му соопштил дека на алуминиумскиот покрив на антикварницата, која се наоѓа во подножјето на зградата лежи тело.

– Излегов во ходникот и го скршив прозорецот кој води до покривот на кој падна Неда. Со помош на даска за пеглање ја имобилизирав, раскажа А.Н.

isjyhdfshgfdsgdfg

Како што кажа, Неда Арнериќ на телото немала видливи повреди, ниту крварење.

Неда Арнериќ вчера вечерта паднала од терасата на својот стан на третиот кат. Таа со тешки повреди на пршлените е примена во Ургентниот центар. Глумицата сеуште е во тешка состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top