| четврток, 6 декември 2018 |

Саша Поповиќ ја открил правата вистина за Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба

Директорот на „Гранд“ продукцијата Саша Поповиќ на снимање на една емисија во која гостинка му била Лепа Брена, открил дека бил проводаџија за нејзината врска со Слободан Живојиновиќ.

29_1000x0

Поповиќ прво се шегувал на сметка на пејачката Гордана Лазаревиќ, која ја прашал дали е криво поради тоа што нејзиниот поранешен сопруг Милутин Поповиќ Захар сите најдобри песни и ги давал на Брена затоа што била позгодна, а не на неа.

unnamed3

-Захар на Брена и ги даде најдобрите хитови и така таа стекна светска слава, а тебе те стави во втор план, зборувал Саша додека Гоца само се смешкала и додала дека неа тоа не ја интересира и дека со Захар не се виделе повеќе од 20 години.

zahar10

Од друга страна, Саша открил дека ниту тој би стекнал голема популарност да не бил покрај Лепа Брена.

-Да се разбереме доколку ја немаше Лепа Брена не би постоел ниту јас. Меѓутоа, исто така да не постоев јас, Боба никогаш не се забавувал со Брена туку и понатаму ќе се гледаше со Лејди Ди, открил Поповиќ.

90583_sasa-popovic-lepa-brena-boba-zivojinovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top