Познатиот југословенски и српски актер Бата Живоиновиќ е спасен во последен момент, откако лекарите му ја ампутирале левата нога, на која гангрената почнала повторно да се шири.
„Бата е опериран во петок и ногата му е ампутирана над коленото. Во моментот се наоѓа во шок соба каде што е приклучен на апарати за дишење. Сѐ уште е рано за прогнози во врска со неговата здравствена состојба“, рече анонимен извор од болницата за „Ало“.
Ќерката на Бата, Јелена Живоиновиќ, за српски „Курир“ потврди дека нејзиниот татко е во тешка состојба, а борбата за неговиот живот трае и понатаму.
„Точно е дека татко ми е на Дедиње, операцијата е завршена. Неговата состојба беше деликатна, но сега е стабилна. Тоа е сѐ што знаеме, немаме повеќе информации и нема да ги имаме оваа недела. Докторите се грижат за него и сега чекаме како ќе се развива ситуацијата“, рече Јелена.
Бата повеќе од пет години се бори со гангрената, заради што во 2011 година отпатува на лекување во Куба. За жал, болеста се врати, а здравствената состојба во 2012 година му ја наруши и тешкиот мозочен удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст