Во Кинотеката на Македонија денеска напладне со филмот „Само за ничии очи“ во режија на Тали Барде, ќе биде отворен петтиот Фестивал за слика и филм за деца и млади „Буф 2016“, кој е фокусиран на заштитата на природата..
– Темата во 2016 година, исто така, е од областа на природата, година во која во фокусот се четирите елементи: оган, вода, земја и воздух. Ќе биде прикажан висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади кои се оценети како исклучително вредни, соопшти Кинотеката.
На програмата се проекции на пет филма со чии репризи фестивалот ќе трае до 15 мај. Филмовите се на германски, со превод на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.