На денешен ден се случиле повеќе настани, но, најверојатно, 9 мај е најпознат како Ден на победата над фашизмот.
Во 1926 Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот Пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација; 1945 година во Берлин нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.5.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот; во 1947 година во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа беше операта „Кавалерија рустикана“ (или „Селска чест“ како што е запишано на првиот плакат) од Италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, во организација на Друштвото на музичарите на НР Македонија. Во изведбите на операта учествувале солистите: Елисавета Савченко, Данка Фирфова, Милка Гушевска, Петре Богданов Кочко, Стефан Рустјаков, Ганка Атанасова, диригент: Тодор Скаловски, режија: Бранко Поморишац, корепетитор: Лилјана Костиќ Топаловска, инспициент: Стефан Гајдов, суфлер: Живко Фирфов, Симфонискиот радиооркестар на Радио Скопје и Студентскиот хор на Филозофскиот факултет од Скопје.
Тоа била првата оперска претстава во слободно Скопје, поставена осум месеци пред официјалното основање на Операта при МНТ (1948). Но, зошто токму „Кавалерија рустикана“? Според либретото, а со тоа и костимите и сценографијата, оваа опера била блиска до публиката: дејството се случува кон крајот на 19 век во едно село во Сицилија, а Сантуца е главниот женски лик околу кој се одвива одбраната на селската чест. Од друга страна, постоел музички кадар бидејќи операта „Кавалерија рустикана“ во 1938 година веќе била изведена во Македонија во организација на тогашното Скопско музичко друштво.
Дел од солистите, Елисавета Савченко во главна улога и Стефан Рустјаков, учевствувале и на премиерата во 1947 година. И уште еден мошне значаен момент: појавата на една од најмаркантните ликови во македонската музичка историја – Данка Фирфова, како првата школувана македонска оперска певица и првата македонска Сантуца. За овој настан Фирфова истакнала: „…Тоа беа возбудливи денови не само за нашата национална култура, туку и за секој поединец кој директно учевствуваше во создавањето на нашата музичка историја. Се чини најубаво е што остануваат чувствата на достоинство дека сме учествувале во создавањето на вредности и како цел колектив и како поединци…“.
Премиерата на операта доживеала фантастичен успех. Од зачуваните артефакти го издвојуваме и искажувањето на диригентот Тодор Скаловски: „… Со месеци не можеше да се дојде до билет, цело Скопје ја пееше „Кавалерија“.
Ова биле почетоците на еден 60-годишен од и развој на Македонската опера како институција со високо реноме и огромно значење за нашата култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст