Тропски остров со 16 хотели, нуркачки центар и приватна плажа е ставен на продажба, а може да се купи за цели 34 фунти или 49 долари. Се наоѓа на Микронезија на островот Косрае во западен Пацифик, а се продава по пат на онлајн-лотарија, која од учесниците бара да купат карта по цена од 49 долари, како шанса да го освојат овој остров.
Покрај хотелското сместување, одмаралиштето нуди и куќи со по четири спални соби, два стана за гости, како и базен долг 32 метри.
Победникот, исто така, ќе добие пристап на банкарска сметка од 10.000 долари, ресторан со резерви за храна вреден 5.000 долари, пет изнајмени автомобили, два брода, две возила и пикап камион, со 16 луѓе од персоналот, кои се таму вработени.
Условот е голем, а на сопственикот само ќе му се предаде одморалиштето, ако продадат 50.000 и повеќе карти. Ако бидат помалку од 50.000 продадени карти, одморалиштето нема да му припадне на никој, но победникот на лотаријата сепак ќе прими половина од приходите од продадените влезници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.