| четврток, 6 декември 2018 |

Црвениот крст отворa Центар за логистика во Момин Поток

crven-krst

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток во Скопје, во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 Мај.

Целта на отворањето на Центарот е зајакнување и унапредување на капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво, како и придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во државава и пошироко, соопшти Црвениот крст на РМ.

По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Македонија се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, што се одвива под мотото „Насекаде за секого“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top