Пред Специјалното јавно обвинителство наместо протест на шарените револуционери попладнево осамна транспарент со порака: „Ден за одмор, правење на слатко од смокви и трошење дневници“.
Членовите на СДСМ кои ја прават иницијативата „Протестирам“ финансирана од СОРОС, денес не протестираа според вообичаената рута.
Пред СЈО е празно освен транспарентот кој на луциден начин ја доловува целокупната ситуација, односно кога протестантите на СДСМ одмораат и не рушат режим, според транспарентот веројатно прават слатко од смокви или трошат дневници.
Многу веројатно смоквите да се луцидна порака наменета за Катица Јанева која се најде во скандал со плантажа на смокви. Неодамна медиумите објавија дека изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со смокви. Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор. Дека нивите се пустелија, се гледаше и од фотографиите објавени во медиумите.
На социјалните мрежи на големо кружи информација дека дежурните протестанти на таканаречената “шарена револуција“ се впрочем скапо платени за тоа што го прават. Очигледно граѓаните на целата оваа ситуација гледаат и со доза на хумор и преку луцидност се исмеваат на иницијативата „Протестирам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст