Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против 35-годишен маж кои влегол во профилот на две млади девојки на Фејсбук, им ги украл податоците и фотографиите, а потоа ги постирал на сајт со порно содржина.
Тој без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на двете девојки на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа Фејсбук, и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет, прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на веб страница која споделува материјали со порнографска содржина, со што сторил кривичното дело.
Веднаш по доставувањето на пријавата од страна на девојките до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика полицијата презела активности за да утврди кој е корисникот на профилот на веб страницата која споделува материјали со порнографска содржина од кој биле поставени сликите на девојките. По прибавување на доказите и анализа откриено е дека сега пријавениот 35-годишниот Македонец Ј.К. стои зад овие профили и тој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени девојки.
Пријавувајте навреме доколку имате сознанија дека некој ви ги злоупотребува податоците на Фејсбук и другите социјални мрежи. Ова не е прв случај во Македонија полицијата да поднесе пријава против сторители кои злоупотребувале податоци и влегувале во профили на Фејсбук и Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст