| четврток, 6 декември 2018 |

Компанијата „Земсил“ ќе тужи: Николовски нека ги докаже срамните лаги на суд

zemsil

Компанијата Земсил ги демантира лагите на дополнителниот заменик-министер на земјоделие. Од фирмата велат дека лагите Николовски ќе мора да ги докаже пред судот.

Во продолжение интегрален текст од демантот

Љупчо Николовски, таканаречениот  заменик-министер за земјоделие, денеска изнесе еден куп на лаги, манипулации и невистини поврзани со работењето на Земсил, затоа сакаме јавноста да ја запознаеме со вистината:

1. Земсил е една од стотиците земјоделски фирми во Македонија која што како и сите останати соработува со Министерството за Земјоделие на начин и форма кои се пропишани во Законите на Република Македонија. Се поставува прашање зошто Земсил не треба да добива субвенции како и сите останати компании во Македонија, ако се земе во предвид дека оваа фирма се бави исклучиво со Земјоделска дејност и тоа во период од 40 години, првин како дел од комбинатот Силекс, а подоцна и самостојно.

2. Најголемата лага на Николовски е дека Земсил добива Субвенции а должи пари на Министерството за Земјоделие затоа што кога Земсил добил субвенции согласно закон во 2015 не должел ниту еден единствен денар на Министерството за Земјоделие, ниту на фондот.

3. Прегледот на кој се повикува Николовски е изработен заклучно со 15.01.2016 година или поточно во Јануари оваа година, долгот кој се споменува во него се однесува за 2015 година, и овој долг Земсил има обврска да го плати до Јуни 2016 година. Секаде во светот па дури и во Македонија сега е месец Мај, значи Земсил има повеќе од месец дена за да го плати долгот кој произлегува од 2015 година.

4. Николовски многу добро знае но свесно лаже, дека е невозможно да се исплатат субвенции на било која фирма, па и на Земсил, ако истата должи пари кон Министерството за земјоделие или фондот, и дека ако има таков случај првин се врши компензација или поточно пребивање на обврските, а подоцна се врши исплата на остатокот од средствата.

Љупчо Николовски досега неколку пати го спомена Земсил, срамно лажејќи, манипулирајки и навредувајки ја компанијата Земсил и раководните лица, ние досега не реагиравме бидејќи добро го познаваме Николовски и неговите сомнителни морални вредности. Но овој пат одлучивме да демантираме и ја известуваме јавноста дека ќе покренеме судска постапка против Николовски пред надлежните судови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top