Прво, моите службени сведоштва: бев вклучен во организации на граѓанското општество (кои денес ги викаат ЦСО или, алтернативно, невладини организации, колективно) уште од моите тинејџерски години. Волонтирав за НВО, професионално работев за три НВО и моментално сум во бордот на директори на четири НВО. Оние организации во кои сум вклучен се вмешани во прашања како политика, домашни асоцијации, добротворни фондации и прашања во врска со помош и заштита на жени и деца. Едноставно кажано, сум бил вклучен во НВО и знам за што зборувам.
Oва колумната за „Дневник“ го пишува Џејсон Мико.
Остатокот од колумната ви го пренесуваме во целост.
НВО овозможуваат вредна служба на општеството и повеќето луѓе се приклучуваат во нив или волонтираат со најчисти мотиви. Едмунд Берк, таткото на современото конзервативно движење, ја составил фразата „мали водови“ и ја користел за да означи, прво, фамилија, и потоа, нашите цркви, нашите организации кои бликнаа за да обрнат внимание на локалните потреби во кои владата не може – или не треба – да биде вклучена. Терминот оттогаш често значи граѓанско општество кое овозможува служба (или честопати, материјална помош) која не може да се има или најде на друг начин. Повеќето луѓе кои ги поддржуваат и се приклучуваат во НВО и се вмешуваат во граѓанското општество се добри, чесни и достојни луѓе. Исто така, поголемиот дел од луѓето кои протестираат, мирно протестираат, во Македонија, се чесни и добри луѓе (оние кои не ја ишаруваат јавната сопственост со боја и графити). Тие може да имаат легитимни жалби против владата и го искажуваат нивното незадоволство со мирно собирање. Ова е еден од белезите на демократското општество.
Но, не секој кој се приклучува на НВО е добра, чесна личност. Многумина од оние што ги водат протестите и оние што учествуваат во насилството, било преку уништување на јавната сопственост (како во случајот на канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на градот) или оние што шарат јавна сопственост со боја, не се ништо повеќе од кретени. На пример: прашав поголем број луѓе на „Твитер“ зошто е во ред да се користи боја за да се обезличи јавната сопственост. Еве типичен одговор: „Зошто да не? Тоа е платено со тешко заработени пари на народот.“ На овој одговор не можев да се воздржам. „Дали сте глупави?“ –прашав. Продолжив: „Одговорот е да. Обидете се да го направите тоа во Вашингтон или во Лондон или на кое било друго место.“ Таа (Елена) одговори: „Не ми е гајле за Лондон. Луѓето може да прават што сакаат. Тоа е она што владата го прави секој ден.“
Ова убаво го сумира однесувањето на многумина од левицата во Македонија (и во светот). Тие велат, всушност – наше е, можеме да го уништуваме ако сакаме. Ако некој ме повреди, можам да ги повредам и јас. И ова е погрешно и не е однесување кое одговорните НВО треба да го промовираат. Но, некои НВО во Македонија не само што го поддржуваат, туку и го охрабруваат. Нивното детско разбирање на соодветната улога на НВО произлегува од фактот дека може меѓусебно да се нарекуваат „комадре“ и практично да го обожаваат Че Гевара, аргентински марксистички револуционер, кој убил стотици луѓе и сега е херој на левицата.
Зад ова неразумно уништување на имотот и недостаток на пристојност, премногу НВО во Македонија и во светот, сега имаат силна желба за политичка моќ сакајќи да го срушат системот на политичко претставување, кој е парламентарна република. Земете го, на пример, Миша Поповиќ, истражувач во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје. Во неодамнешен блог, тој напиша: „Исто така би било од корист за помалите политички партии и граѓанското општество да имаат соодветен претставник во овие преговори“. Неговата изјава ја потценува репрезентативната демократија која тој има намера да ја поддржи. Целата поента на една република, во случајот на Македонија, парламентарна република, е дека избраните претставници го претставуваат народот кој ги избрал. Давајќи им политичка моќ на оние во граѓанското општество не е одговорот поради едноставниот факт што тоа не е начинот на кој е поставен политичкиот систем.
Оние кои бараат „соодветно претставување“ имаат „соодветно претставување“ преку нивните политички претставници. Ако една политичка партија не сака да учествува во тие преговори, или во парламентот, тогаш НВО мораат да го покренат тоа прашање со нивните избрани претставници. Поповиќ продолжува пишувајќи дека: „Наместо тоа, поголем фокус треба да се стави на поддршка на демонстрантите во барањата преговорите да бидат повторно воспоставени, а оние кои се обвинети за незаконски дела да бидат спречени да седнат на маса.“ Ова ми е чудно: на оние избрани претставници кои се обвинети, не осудени туку само обвинети, не треба да им се дозволи да седнат на маса.
Помогнати и поттикнати од социјалните медиуми, платени, претежно, преку странски даночни обврзници или богати левичари кои сакаат да го прекројат светот по нивна слика, многу од лидерите на овие НВО имаат голема желба за политичка моќ, истото нешто за што ги обвинуваат избраните политичари. Но, тие сакаат моќ без избори, оттука се и нивните повици за, во суштина, Македонија да стане „меѓународен протекторат“ на одредено време.
Ова го гледав 20 години, овој глобален потег на многумина во граѓанското општество да си го расчистат патот до масата на репрезентативната демократија и да бараат глас без да одат на избори. Ова не е начинот на кој функционираат демократиите и давањето моќ на неизбрани, неодговорни луѓе, граѓанското општество, ќе доведе до поголема неволја. Граѓанското општество има соодветна улога за играње во општеството, но таа не е во шарањето на јавната сопственост и не е во земањето на моќта со сила. Kако што поранешниот дипломат Никола Димитров твитна минатиот месец: „Не може некој да се сврти кон избори за да избега од одговорноста и владеењето на законот“. Тоа е едноставно превртување на вистината.
Џејсон Мико за Дневник
АВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст