Недвижнините во Лондон се многу скапи, но еден среќник ќе може да живее сосема бесплатно во стан вреден 6.3 милиони евра. Но, секако, постои една „цака“…
Огласот е објавен на сајтот SpareRoom, а во него пишува дека двајца мажи бараат цимер во својот пентхаус во Лондон голем 371 метри квадратни. Новиот цимер не треба да плаќа станарина бидејќи, како што велат, не им се потребни пари после продажбата на две технолошки компании.
Она што го сакаат е пријатно друштво со кое ќе можат да разменуваат идеи. На нивниот цимер на располагање ќе му биде и приватен готвач, а не треба да се грижи ниту околу перењето на облеката.
Ако ве интересира технологијата и ви се допаѓа она што го нудат овие момци, можете да се пријавите. Постојат само две правила: нема пушење и повеќе домашни миленичиња, бидејќи таму веќе живееле две чивави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст