Мора да се заокружи договорот од Пржино, односно да се задржи терминот што беше утврден од страна на четирите политички партии во Македонија, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева, во отвореното студио на ТВ Нова.
Многу е битно да се утврди позицијата на политичките партии. Од она што се случуваше во изминативе две години видовме дека правниците не го прифатија со најголемо задоволство Договорот од Пржино, но видовме дека истиот беше имплементиран во нашиот правен систем и покрај недоследностите. Уште пред две години кажав дека договорот е класичен политички спин, кој треба да одработи за други политички цели. Меѓутоа тој е неопходен и се друго е отстапување од правната рамка и во никој случај не е добро за Македонија, рече Каракамишева.
Според неа, не може да му се верува на политичар кој си го погазил сопствениот збор.
Како да ѝ се верува на оваа четврка, кога инсистираа на Договорот од Пржино, а сега три партии (СДСМ, ДУИ и ДПА) се тргнаа настрана и не сакаа да ја стават круната од договорот, односно да одат на парламентарни избори. Секој оној кој излегува од тие обврски за мене е некредибилен лидер, си го погазува зборот и она што го ветил. Токму затоа ако се изроди нешто надвор од договореното, тогаш за мене, но и за граѓаните кои очекуваат епилог, ќе биде некредибилно, додаде таа.
Според неа секој оној кој бега од избори треба да биде казнет, а бојкотот е бегање од граѓанското соочување, затоа што бегството е најголем удар за демократијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст