Формирањето на избирачките одбори не може да биде пречка за одржување на изборите на 5 јуни. Правните експерти велат дека законот предвидел што Државната изборна комисија треба да направи за да овозможи услови за избори.
Според Тања Каракамишева, универзитетски професор по уставно право, не постои правен основ во Уставот и Законите за повторно свикување на Парламентот и одложување на изборите. Вакви искуства нема во ниту една европска легислатива.
Што се однесува до повторно свикување на Собранието, и собранискиот спикер Трајко Вељаноски излезе со став дека за тоа не постојат услови.
И професорот Оливер Андонов е согласен дека изборите мора да се одржат час поскоро зашто сите услови се веќе исполнети дури и ако идниот парламент и влада се само преодно уставно поткрепено решение до друг датум за избори за кој ќе постои консензус.
Државната изборна комисија веќе ги презеде сите активности за целосно пречистување на избирачкиот список. На синоќешната седница и потпретседателот на ДИК Прекопуца изјави дека избирачкиот список е реален. Ист став имаше и Субхи Јакупи од ДУИ кои изјави дека во списокот нема фантомски гласачи. По формирањето на избирачките одбори ќе се очекува и доставувањето на кандидатските листи. Рокот за пријавување учество на изборите е 11 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст