| четврток, 6 декември 2018 |

Му мрда опашот: Прво ја заведе снаата, а сега и келнерката

rajan gigs

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, повторно е во центарот на спортското внимание но сега поради можниот развод од својата сопруга, Стејси Кук.

Гигс се смири и уживаше во брачните води по секс аферата која ја имаше со учесничката во познатото реално шоу “Големиот брат”, Имоген Томас и по аферата која ја имаше со сопругата на неговиот брат, Наташа Гигс.

Сепак, Рајан не издржа да биде мирен подолг временски период, а неговата сопруга, Стејси, сега го фати со келнерката од заедничкиот ресторан.

gigs

Англиските медиуми ја потврдија сензационалната информација и додадоа дека Стејси нема да му прости на Рајан и дека веќе поднела барање за развод.

Со цел да го спаси својот брак, Рајан неколку месеци беше на одвикнување од сексуална зависност, но таквата терапија не вроди со плод.

Додека го носеше дресот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Рајан имаше шестмесечна афера со познатата британска манекенка Имоген Томас, но насловните страници од сите англиски таблоиди ги освои со срамното признание дека осум години имал сексуален однос со сопругата на родениот брат Родни, Наташа Гигс.

rajan gigs 2

Таквата сензационална информација во 2011 година ја потврди и Наташа откако дозна дека Рајан истовремено спиел и со Имоген Томас.

Помошникот на Ван Гал четри години не зборуваше со својот брат, но се смирија за време на божиќните празници.
Во случј на развод, Гигс ќе загуби околу 50% од своето богатство кое е проценето на 50 мил. евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top