Ахмет Давутоглу поднесе денеска оставка на функцијата претседател на владејачката Партија на правдата и развојот, што подразбира дека повеќе нема да биде ниту премиер, а неговата одлука ќе стапи во сила по вонредниот конгрес на партијата закажан за 22 мај.
Давутоглу, имено, соопшти дека нема да бара нов мандат за претседател на Партијата на правдата и развојот, што значи дека повеќе нема да биде ниту премиер, пренесе Танјуг.
– Ќе одржиме конгрес на 22 мај, рече Давутоглу пред новинарите во Анкара, додавајќи дека смета оти нема да биде кандидат во „сегашни околности”.
Според Статусот на партијата, шефот на партијата и претседател на Владата е секогаш иста личност.
Турските медиуми вчера пренесоа дека Давутоглу размислува за оставка поради борбата за превласт која ја води со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Весникот „Хуриет” пишува дека Давутоглу неодамна се судрил со Ердоган околу планираните промени на Уставот кои би довеле до јакнење на претседателската функција.
Тој вчера изјави дека попрво „ќе го прегази своето его”, отколку да го загрози интересот на својата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), од која доаѓа и претседателот Ердоган.
Турскиот весник „Џумхуриет” пишува дека кандидати за наследник на Давутоглу се актуелниот министер за сообраќај и енергетика Бинали Јилдирим и Берат Албарјак, инаку зет на Ердоган.
Давутоглу ја презеде функцијата премиер и претседател на партијата во 2014, кога Ердоган е избран за претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст