| четврток, 6 декември 2018 |

Том и Џери се виновни за насилството на Блискиот Исток

Цртаните филмови и видео-игрите со ликовите на Том и Џери се главна причина за насилството на Блискиот исток и за творбите како што е Исламската држава, изјави Разузнавачката агенција на Египет.

– Том и Џери го претставуваат насилството како забавна активност и пораката која ја испраќаат е да, можам да го удрам, да го разнесам со експолозив. Овој став со времен станува нешто природно – изјави Салан Абдел Садек на конфернецијата под име „Медиумите и културата на насилство“ на Универзитетот во Каиро.

Том и Џери, популарниот американски анимиран филм од 1940 година ја покажува вечната борба меѓу мачката и глушецот и секој користи разни, необични методи да го порази својот противник.

Абдел Садек, шефот на државаната разузнавачка служба во Египет неодамна изјави дека видео-игрите се виновни за насилството и екстремизмот во тој тегион, пишува „Дејли мејл“.

Но, и покрај предупредувањата од опасност од насилство во цртаните филмови египетската влада не планира да ги цензурира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top