Дали се чувстувате мрзоволно, летаргично или немате енергија? Ако одговорите потврдно, „Хелтлист“ наведува список на намирници кои може да „ве кренат“.
Банани и путер од кикиритки
Оваа одлична комбинација содржи сложени јаглехидрати и протеини, магнезиум, калиум, витамини од групата Б и триптофан, кој освен што телото го снабдуваат со енергија, исто така поттикнуваат добро расположение.
Јаткасти плодови
Комбинација од „добри“ маснотии, влакна и протеини прави оваа група намирници да содржи низок гликемијски индекс, што значи дека споро согоруваат и организмот долог го снабдуваат со енергија.
Богати се со железо, цинк, калиум, магнезиум, како и антиоксиданси (селен, манган, бакар), кои го чуваат имунолошкиот систем.
Органски јајца
Јајцата се уште еден извор на енергија. Ги содржат сите еснецијални аминокиселини, а протеините кои се во нивниот состав им обезбедуваат сила на мускулите и одржуваат ситост.
Мед
Медот го користеле уште античките Грци за време на Олимписките игри како природен извор на енергија. Богат е со јаглехидрати, кои претставуааат примарно „гориво“ кое телото го користи, а поради влијанието кое го има на одржување на оптималното ниво на гликоген кој го спречува воспалението на мускулите.
Печурки
Богати се со железо кое спречува исцрпеност и легаргија бидејќи го поттикнува производствто на кислород и неговото движење низ телото. Освен тоа, витаминот Д и Б12 се важен извор на енергија, кои исто така ги штитат ќелиските митохондрии во кој се произведува енергија.
Спанаќ
Исклучително е богат со железо, магнезиум и калиум.
Семки од тиква и сончоглед
Богати се со минерали, растителни влакна и есенцијални аминокиселини кои телото го снабдуваат со енергија и овозможуваат поголема издржливост. Имаат многу протеини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст