| четврток, 6 декември 2018 |

Газдата на Лестер дарежлив, за секој фудбалер по еден Мерцедес

fact5-lester

Сопственикот на Лестер сити, тајландскиот бизнисмен Вичаи Шриваданапраба на сите 23 фудбалери кои се регистрирани во клубот ќе им подари по еден Мерцедес поради освојувањето на шампионската титула во Премиерлигата.

Без разлика кој колку играл и колку учествувал во резултатите сите ќе добијат по еден нов Мерцедес Б-класа, кој чини околу 41.000 евра и е еден од технолошки најнапредните автомобили на германскиот производител, бидејќи работи на електрична енергија.
Лестер има пријавено 23 фудбалери и кога се ќе се собере, сопственикот ова задоволство ќе ги чини „скромни“ 943.000 евра.

Газдата на Лестер планира и славеничка журка во Лас Вегас штом заврши сезоната, каде фудбалерите ќе можат да се журкаат колку сакаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top