Можеби за празниците некаде отпатувавте или заглавивте кај пријателот, па останавте да преспиете таму, па дури следниот ден се вративте дома, пишува нмд.мк.Која и да е причината што понекогаш се случува да се најдете „во туѓ кревет“, односно, не сте преспале во својот кревет, не треба да се грижите што сте останале ненаспани – тоа е нормално. Тоа не значи дека не сте прилагодливи, туку зад сето тоа стои научно објаснување кое е објавено во неoдманешната студија во Current Biology.
Имено, со оваа студија е утврдено дека секојпат кога преспивате на непознато или полупознато место, само половина од вашиот мозок успева „длабоко“ да заспие, додека другата, левата половина, е постојано подготвена за евентуална потребна акција. Како што откриваат научниците, оваа особина ни е останата уште од почетокот на човештвото, а претходно служела како одбрана од можни ноќни опасности. Тоа „полуспиење“ може да се случи и ако сте на пример тукушто доселени во нов стан, па се’ уште не сте се соживеале со просторот. Меѓутоа, од оваа карактерна особина која некогаш не чувала, денес повеќе нема корист бидејќи живееме во многу посигурен свет, а и причината поради која понекогаш преспиваме на друго место не мора да биде негативна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.