Некои би рекле дека Џеј Ло сè уште е истата онаа девојка каква што била за време на нејзините скромни почетоци, но нејзиниот имот на „Hidden Hills“ кој моментално е ставен на продажба е дефинитивно знак на мега-супер ѕвезда.
Домот каде таа живееше со поранешниот сопруг Марк Ентони, уште од минатата година неколкупати бил ставен на продажба за $17 милиони долари.
Зафаќа површина од 1.591m2 има 9 спални соби, 13 тоалети и двор кој изгледа како луксузен ресорт од соништата.
Покрај тоа има кино сала за 20 луѓе, теретана, студио за танцување, студио за снимање и салон за разубавување.
Овојпат уште еднаш е ставен на продажба по намалена цена од $12.5 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.