Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ преку социјалните мрежи го испрати последниот поздрав за неговата колешка, легендарната пејачка Јадранка Стојаковиќ.
– Ти беше најголемиот борец кој сум го запознал. Пееше прекрасни песни кои ќе останат засекогаш. И ти со нив. Одмори сега драга Јадранка – напиша пејачот под фотографијата.
Познатата пејачка и кантавторка Јадранка Стојаковиќ почина во 66. година од животот, во вторникот во Бања Лука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.