До 20 мај треба да пристигнат вакцините против „јазлеста кожа“ кај говедата за што се обезбедени еден милион евра. Надлежните засега успешно се справуваат со појавата на оваа болест, делувајќи секојдневно на терен заедно со сточарите и ветеринарните служби, рече попладнево на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, отфрлајќи ги како невистини обвинувањата на дополнителниот заменик Љупчо Николовски.
Костадиновски истакна дека Николовски, уште еднаш, во недостиг на идеи и конкретни проекти, шири лаги за да ја дезинформира јавноста и да добие политички поени.
Според директорот на АХВ Зоран Поповски, заклучно со утре, усмртени ќе бидат вкупно 132 говеда. – Тоа потврдува дека менаџирањето со болеста до овој момент е успешно. За споредба можеме да ја земеме Бугарија, каде се убиени 7.000 грла, посочи Поповски.
Тој и заменик-министерот Костадиновски информираа дека, покрај набавката на вакцините, превентивно се преземени и други мерки, согласно ЕУ стандардите и препораките за „јазлеста кожа“. По усмртувањето на говедата, пак, се врши дезинфекција на сите места кои биле во контакт со заболените животни: одгледувалиштата, превозните средства, механизацијата, луѓето и опремата.
Болеста „јазлеста кожа“ во Македонија првпат беше потврдена на 22-ри минатиот месец. Засега има шест жаришта, но, како што нагласи Поповски, не е исклучена можноста од нејзино натамошно ширење.
-„Јазлеста кожа“ се појави прво во Грција, па во Бугарија и за тоа знаеа цел Балкан и цела Европска унија. Но, нема мерка што може да се преземе пред да се појави болеста во одредена земја. Затоа, се делува превентивно, преку обуки на ветеринарите и сточарите за рано препознавање на болеста како единствена мерка, објасни директорот на АХВ.
Вирусот, додаде, се шири многу лесно, преку комарци, мушички, а предвидувањето на Европската комисија е дека до 2017 година болеста „јазлеста кожа“ ќе стигне до Норвешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст