| четврток, 6 декември 2018 |

МНР чека официјални информации за повредените во Унгарија

Министерството за надворешни работи утрово дало инструкции до македонската амбасада во Унгарија да се обезбедат официјални информации за автобуската несреќа што се случи ноќеска во близина на Будимпешта, во која беа повредени македонски државјани. Сѐ уште не се знае идентитетот на повредените патници, ниту пат од која агенција е автобусот.

– Амбасадата во Унгарија има инструкции да стапи во контакт со унгарските власти и со повредените патници за да им се овозможи каква било помош. Веднаш штом ќе добиеме повратна информација, деталите ќе ги соопштиме во јавноста, информираат од МНР за „Република“.

Автобусот со македонски државјани ноќеска излета во близина на Будимпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top